НАСА предупредува за зголемување на концентрацијата на смог во југоисточна Азија

Од:

Америкаската агенција НАСА денеска соопшти дека има основани согледувања според кои концентрација на смог во Индонезија, Сингапур, поголем дел од Малезија, па дури и делови од Тајланд деновиве ќе има значително, најверојатно рекордно, зголемување на концентрацијата на облаци од чад, што во овој регион доаѓаат од големиот број пожари на островите Суматра и Калимантан. Смогот над десет дена го загрозува здравјето на над 35 милиони индонежани и над 15 милиони жители од околните земји на север и исток од Индонезија.

НАСА соопштува дека поради ефектите на метеоролшкиот феномен Ел Нињо во источна и југоисточна Азија сушниот период ќе потрае, невообичаено долго, а степенот на загадување на воздуот ќе биде на опасно ниво што го загрозува здравјето на луѓето.

Најопасно е сега на источниот дел на индонежанскиот архипелаг, каде што е регистрирана концентрација на загадувачи на воздух од 1.936 единици од скалата, на која нивото над 35о единици и повеќе се смета за опасно по здравјео. Во тој случај е забранета работа на училиштата и градинки.

Индонезија, поради големиот број пожари, но и сушата, тешко се справува со над 1.500 големи огнови што ги регистрираат сателитите од втората половина на август наваму. Во гаснењето, кое за сега се сведува на локализирање на пожарите, две недели учествуваат и десетина илјади припадници на индонежанската армија.

Пред една недела Сингапур и Малезија понудија помош, но од необјавени причини Индонезија ја одбила понудата. Џакарта вчера соопшти дека се уапсени над 100 лица осомничени за предизвикување пожари, кои не можеле да ги контролираат. Пожари најмногу предизвикуваат фирмите за производство на целулоза и палминио масло, кои со палење на шумите сакаат да си обезбедат чисти површини за плантажи од се попрофитното производство на палмино масло и сировина за целулоза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега