NASA објави снимка од ротацијата на Плутон и Харон

Од:

Снимка од фаза на ротација на Плутон и неговиот природен сателит Харон, објави порталот на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Денот на двете вселенски тела трае околу 6,4 Земјени денови. Снимките се добиени од системите за визуелизација на од вселенската сонда New Horizons, и се направени во периодот од 7-ми до 13-ти јули 2015 година.

Плутон е еден од најмистериозните и објекти за кои најмалку се знае во Сончевиот систем, а во NASA сметаат дека благодарение на мисијата New Horizons не само што ќе бидат добиени нови податоци за оваа планета и за нејзините природни сателити, туку и ќе фрли светлина врз потеклото на планетата Земја и формирањето на сончевиот систем. Научниците веќе сега знаат дека Плутон, некогаш сметана за деветта и најоддалечена планета во Сончевиот систем е поголем отколку што се сметаше. Пречникот му изнесува 2.370 километри, што е околу 80 километри повеќе од претходните процени.

Плутон сега и официјално е поголем од Ерис, една од стотиците илјади џуџести планети и тела слични на кометите кои кружат зад Нептун, во областа позната како Кајперсов појас. Откритието на таа област во 1992 година доведе до нова класификација на Плутон, кој од „планета“ беше класифициран како „џуџеста планета“.

Плутон е откриен во 1930 година. Помал е до Месечината, а има маса 500 пати помала од Земјата. Има пет месечини и околу Сонцето врти за 247,7 години. Досега се откриени пет сателити на Плутон, и тоа Харон, Никита, Хидра, Кербер и Стиск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега