Напаѓачот врз муслиманите во Лондон е Велшанецот Дарин Озборн

Од:

Напаѓачот врз групата муслимански верници, во северен Лондон, е Дарин Озборн, роден во Велс.

Според лондонските медиуми, Озборн кој е уапсен набргу по нападот, има 47 години и е татко на четири деца.

Британскиот заменик министер за внатрешни работи Бен Валас кој е раководител на безбедносниот сектор во Хоум Офисот, изјави вечерва дека „Озборн не им бил познат на безбедносните власти и дека во овој свој терористички напад, најверојатно дејствувал сосема сам“.

Тој беше уапсен и осомничен за тероризам, отакко со своето комби возило , намерно удрил, во група муслимани кои излегле од џамијата во лондонскиот кварт Финсбури Парк, по редовната молитва за празникот Рамазан.

Во овој инцидент, едно лице е убиено, а десетина други се повредени.

Според сведоци, Озборн се обидел да побегне од местото на нападот, но бил запрен и предаден на полицијата.

Бегајќи тој постојано извикувал дека сака да ги убие сите муслимани.

Ова беше четврти по ред терористички напад во Велика Британија, во изминатите три месеци, по нападот врз пешаците на лондонскиот Вестминстер бриџ, бомбашкиот напад во Манчестер и нападот со комби возило на Лондон Бриџ и Бороу Маркет, во кои вкупно загинаа 36 лица.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он