Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

Од:

Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори од колеџ и рани колега на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата, бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот Хендерсон, Невада, објави АП.

– Ранетиот 38-годишен визитинг професор е хоспитализиран и е во крритична состојба, рече Мекмахил.

Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот, но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен.

Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон рече дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата.

Мекмахил рече дека целите на листата на Полито вклучуваат членови на факултет на Универзитетот во Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито беше професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.

Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купи легално минатата година, рече Мекмахил.

Властите во четвртокот објавија дека се чини дека Полито има финансиски потешкотии.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ