Напаѓачот од црквата во Тексас бил „нападен атеист“, сметал дека „верниците се глупави“

Од:

Напаѓачот, кој вчера уби 27 лица за време на богослужба во градчето Садерленд Спрингс во американската сојузна држава Тексас, е идентификуван како 26-годишниот Девин Патрик Кели, поранешен војник, за кого пријателите велат дека бил насилен кон своето семејство и бил „нападен атеист“.

Според весникот „Дејли Мејл“, Кели промовирал атеистички ставови преку своите социјални мрежи.

– Познаниците го опишуваат како чудак, луд и морничав, пишува весникот.

Кели бил избркан од американското Воено воздухопловство во 2014 година, откако двапати ги нападнал сопругата и детето.

– Го избришав од Фејсбук затоа што не можев да му ги поднесам коментарите. Пишуваше дека луѓето кои веруваат во Господ се глупави и се обидуваше да промовира атеизам, изјавила Нина Роза Нава, која одела во училиште со Кели.

На социјалните мрежи, Кели постирал и фотографии од оружје.

Тој ги нападна верниците во Првата баптистичка црква во Садерленд Спрингс, во близина на Сан Антонио, со пушка Ругер, а дошол опремен и со панцир, очекувајќи дека ќе се соочи со вооружени граѓани или со полицијата. Вооружени граѓани се обиделе да го застрелаат Кели, кој се дал во бегство, но на крајот бил застрелан. Се уште не е сигурно дали е убиен од полицијата или од некој од граѓаните.

Жртвите се на возраст од пет до 72 години и безмалку нема семејство во малото место со 400 жители кое не е погодено од нападот.

Се смета дека масакрот во Садерленд Спрингс е најтешкото злосторство извршено во верски објект во САД, надминувајќи го убиството на девет верници во црква во Чарлстон во 2015 година од страна на расистот Дилан Руф.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас