Човекот кој го нападна и повреди писателот Салман Ружди е обвинет за обид за убиство и напад, објави обвинителството.
„Хади Матар, лицето одговорно за вчерашниот напад, сега е официјално обвинет за обид за убиство и напад“, објави окружниот обвинител на округот Чаутаука, Џејсон Шмит.
Тој беше изведен синоќа пред судот по тие обвиненија и беше задржан во притвор без кауција“, се додава во соопштението.