Ружди e на респиратор, веројатно ќе го загуби окото

Од:

Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око.

„Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен“, рече Вајли.

Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.

Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето.

Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.

Би можело да ве интересира

Двајца убиени во напад со нож во Германија

САД: Неуспешен ракетен напад врз американски војници во Сирија

Горан Наумовски

Повеќето од жртвите на бомбашкиот напад во Кабул се девојчиња

А1он

Србин со месарски нож нападнал Германец во центарот на градот, па побегнал

А1он

Во Мјанмар при напад врз училиште загинаа најмалку шест деца

А1он

Осум жртви во бомбашки напад во Пакистан

А1он