Ружди: На религиите им е потребна сатирата

Од:

Британскиот писател од индиско потекло Салман Ружди го осуди нападот врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица, предупреудвајќи на опасноста од религиски тоталитаризам.

– Религијата, од типот на средновековната форма на безумие, кога се комбинира со современото вооружување станува реална закана за нашите слободи, напиша тој во соопштение објавено на сајтот на британскиот ПЕН центар.

Овој релгиски тоталитариам, како што оцени, предизвика смртоносни мутации во срцето на исламот, чии трагични последици се гледаат денеска во Париз.

Руджи наведе дека стои зад „Шарли ебдо“, како што „сите мораме да застанеме во одбрана на сатирата, која отсекогаш била сила на слобода, а против тиранијата, недостоинственоста и глупавоста“.

Почитувањето на религијата, според него, станало второ име за „стравот од религијата“.

Би можело да ве интересира

Иран негира секаква врска со нападот врз Ружди

А1он

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Ружди веќе не е на респиратор, може да зборува, напаѓачот не признава вина

Напаѓачот на Салман Ружди е обвинет за обид за убиство

Ружди e на респиратор, веројатно ќе го загуби окото

Катерина Ѓуровски