Нападнат американски товарен брод

Од:

Јеменските бунтовници Хути повторно нападнаа американски брод во Аденскиот залив.

„Јеменската морнарица го нападна американскиот воен товарен брод Оушн Џез во Аденскиот залив“, тврди Сарија.

Портпаролот на Хутите додаде дека јеменските борци продолжуваат да одговараат на секоја агресија на САД и Велика Британија врз Јемен и нагласи дека ќе продолжат да го напаѓаат секој извор на закана во Црвеното и Арапското море.

Нападот на Оушн Џез е четврти од почетокот на американско-британските напади врз Јемен на 12 јануари.

Во средината на ноември, Хутите, како поддршка на Палестинците во Појасот Газа, почнаа да ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море, што доведе до намалување на бродскиот сообраќај низ Суецкиот канал.

Соединетите Американски Држави, пак, најавија започнување на операција за заштита на поморството заедно со уште десет земји. Хутите, или Ансар Алах, предупредија дека го задржуваат правото да ги напаѓаат бродовите кои припаѓаат на западната коалиција.

Досега имаше неколку судири на море меѓу Хутите и американската војска.

На 12 јануари САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз цели на Хутите во четири провинции во Јемен. Американскиот претседател Џозеф Бајден ја нарече операцијата одговор на заканата за слободата на навигација без да го исклучи продолжувањето на воената акција.

Хутите велат дека успеале да потонат американски воен брод во Црвеното Море како резултат на одмазднички ракетен напад.

Лидерот на јеменските Хути, Саид Абдул-Малик ал-Хути, неодамна го исмеа американскиот претседател Џозеф Бајден за време на телевизиско обраќање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“