Нападите на Москва врз личности во Европа ја продлабочуваат кризата меѓу Русија и ЕУ

Од:

Комерсант – Москва

Во предвечерјето на европската средба на врвот во јуни, кога ЕУ ќе го разгледува продолжувањето на санкциите против Русија, односите меѓу Москва и Брисел беа потресени од нов скандал. Московската мисија на ЕУ доби од руските власти список кој го разгласија сите медиуми, на 89 европски политичари и воени лица на кои е забрането да влегуваат на руска територија. Повеќето наведени лица во документот се претставници на држави кои ја заземаат најтврдата позиција кон Русија. Според експерти кои Комерсант ги побара за мислење, црниот список на Москва нема да остане клучен фактор при заземање одлуки за иднината на санкциите, но ќе ги одведе конфронтациите на ново ниво.

Црниот список со 89 лица од држави членки на ЕУ, на кои им е забранет влезот во Русија, беше објавен и во западните медиуми откако руските власти го испратија до московската мисија на ЕУ. Во неделата, светските медиуми цитираа европски дипломати според кои на списокот фигурираат граѓани на 17 од 28-те членки на ЕУ. Меѓу нив се лидерот на пратениците социјалисти од владејачкото мнозинство во Франција, Бруно Ла Ру, поранешниот вицепремиер на Велика Британија, Ник Клет, потоа поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстат, претседателот на групата на либералите во Европскиот парламент, и генералниот секретар на Советот на министрите на ЕУ, Уве Корсепиус, кој наскоро ќе стане советник за надворешни работи на германскиот канцелар Ангела Меркел.

Освен пратеници во Европарламентот – сегашни и поранешни, списокот вклучува и претставници на безбедносни и тајни служби, и од бизнис сцените на држави од ЕУ. Според бројот на граѓаните кои се засегнати со забраната, најбројно води Полска (со 18 имиња), а на второ место е Велика Британија со девет лица. Следуваат Шведска и Естонија (по осум имиња), Германија и Литванија (по седум), Летонија и Романија (по пет). Како што изгледа, најсилен е санкцискиот притисок на Москва против претставници од оние земји членки кои заземаат тврда позиција кон Русија и бараат на средбата на врвот, која треба да се одржи на 26 јуни, да се продолжат санкциите против федерацијата. Но на списокот нема луѓе од Кипар, Унгарија, Грција, Ирска, Австрија и други држави, кои прават помирителни потези кон Москва и праќаат сигнали дека сакаат што поскоро да се обнови соработката со Русија.

При сето што се потврди во медумите за списокот, кој всушност им беше врачен на „европските партнери“, заменик министерот за надворешни работи, Алексеј Мешков, одби да коментира по одделни позиции, што се соваѓа со политиката на Москва – да не се огласуваат имињата. Од своја страна, од канцеларијата на Федерика Могерини, која ја води европската дипломатија, го оценија црниот список на Москва како „апсолутно произволна и неоснована мерка“.

Веќе одобрен, црниот список со европјани на кои им се забранува влегувањето во Русија веднаш не доби оддек откако беше објавен, туку на крајот на минатата недела. Имињата станаа познати дури по депортацијата на рускиот депутат Карл Георг Велман, а во знак на солидарност со имињата на списокот, заменикот претседател на Бундестагот, Јоханес Зингхамер, ја одложи планираната посета на федерацијата.

-Скандалот околу списокот со 89 граѓани на ЕУ за забрана за влез во Русија, уште повеќе ќе натежне врз страстите во предвечерјето на лидерската средба на ЕУ закажана за 26 јуни. Но со објавувањето на тој список, Москва немаше сосема за цел да ја заостри ситуацијата. Повеќе е обратното: доколку списокот веќе бил одобрен, руската страна само се обидела да ги сведе на минимум последиците од можните скандали кои секогаш избувнуваат кога ќе биде забранет влез на еден или друг европски политичар, службеник или воено лице. Општо земено, Москва спречила еден скандал – денешниот, пред десетици можни во иднина, објасни за Комерсант Аркадиј Мошес, директор на руската програма во Финскиот институт за меѓународни односи.

Според Мошес, независно од тоа дали Москва се стреми уште повеќе да не ги заострува односите со ЕУ во предвечерјето на јунската лидерска средба, скандалот со „списокот со 89 имиња“ се става во општ контекст на конфликтот меѓу Русија и ЕУ. кој трае веќе цела година и е во врска со Украина, а кој веќе доби длабок системски карактер. „Тој конфликт се повеќе се чувствува. На пример, на Гаспром му остануваат само уште месец и половина за да и одговори н Европската комисија која го обвинува за кршење на антимонополските закони. Освен тоа, ЕУ е уште понаклонета да ја отсратни Русија заради нејзиното се поактивно стратешко зближување со Кина“, изјави Аркадиј Мошес. Според него, во таква ситуација, неумесно е да се зборува за партнерство меѓу Москва и Брисел. Во врска со можноста „списокот со 89 имиња“ да се одрази на идните олдуки за санкците, според експертот тоа може да има само споредно влијание, затоа што при разгледувањето на можните решенија, решавачки фактор нема да биде „војната наспроти списоците“, туку исполнувањето на обврските од Минските договори.

Мислењето на Мошес го дели и Сергеј Уткин, раководител на одделот Стратешки проценки при Центарот за анализи на ситуации во Руската академија на науките. „Воопшто не заслужува да бараме голема политика во тоа кога бил објавен списокот. Случајот со Карл Георге Велман најверојатно ги поттикнал руските власти да го испратат списокот во ЕУ, за да не се појавуваат секогаш скандали околу високо позиционирани политичари од ЕУ кои залутуваат по нашите аеродроми. Самиот факт што таков список постои не е новина – руски официјални лица не еднаш барале личните санкции на ЕУ против граѓани на Русија да добијат симетричен одговор“, напомнува Уткин.

Но експертот ја смета за неефикасна политиката на забрани за влез во федерацијата. „Тој чекор не му помага на дијалогот, ниту пак ја намалѕва затегнатоста. Наместо дискусии, чекорите се мерки за забрана за влез на критичарите на Русија, и многумина во ЕУ тука ќе ја правдаат исправноста на нивните критики. А редица наведени на списокот силно се залагаа да се бара покрај критиката заедно со Русија ќе треба да се бара решение за проблемите. Но сега мерките на Москва ќе ги притиснат кон потврда позиција, изјави Сергеј Уткин.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски