Прес службата на самопрогласената Луганска Народна Република, објави дека во воздушниот напад на градот, украинските сили употребиле касетни бомби.
Како што пренесуваат агенциите во нападот загинале неколку лица, а неколкумина се повредени и е уништена зградата, во која се наоѓала регионалната влада.
Според „Итар тас“ набљудувачите на ОБСЕ одлучиле да го напуштат градот , а и на граѓаните им е советувано да се евакуираат од таму.
Е. Г.