Нов воздушен напад во Луганск

Од:

Во Луганск, град кој е целосно под руска контрола, одекнаа две експлозии, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од кои се гледа дека темен чад се крева над местото на ударот.

Русите известиле дека експлозијата се случила во близина на автобуска станица. Украинските трупи нападнале со две ракети, потврдиле претставници на самопрогласената Луганска Народна Република за агенцијата Тас.

Притоа, оштетени се неколку станбени објекти. Екипи на итната помош се на терен да помагаат на повредените. Ова е прв напад врз Луганск од мај минатата година.

Би можело да ве интересира

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија спречи напад на Украина во областа Курск

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

Москва не прифаќа привремен прекин на огнот во Украина

Горан Наумовски

На Украина и снема гранати, американската помош речиси целосно пресуши

Руски полковник падна од прозорец и почина, само два дена подоцна падна уште еден