Најмоќни 126 армии во светот, Македонија ја нема на листата

Од:

Листата на најмоќни воени сили во светот за 2016 година која ја направи “Global Firepower Index”, направена е врз основа на 50 фактори. САД се на првото место, а помеѓу 126 рангирани земји ја нема Македонија.

САД имаат индекс 0.0897 (0.000 означува совршена воена моќ) а првото место го зазема со 1,4 милиони активни војници и 1,1 милион војници во резерва. САД имаат 8.848 тенкови, 41.062 оклопни возила, 1.331 повеќецевни ракетни системи.

САД ја имаат најголема авијација на светот, односно 13.444 воени авиони од кои 2.308 се ловци, 2.785 бомбардери, 5.739 транспортни авиони, 6.084 хеликоптери.

Зад Америка, се наоѓаат Русија и Кина. Рускиот индексна воена моќ е 0.0964, односно Русија има 766.055 активни војници, а во резерва дури 2.485.000.

Русите имаат најмногу тенкови, односно 15.398, но помалку авиони, или 3.547 од кои 751 се ловци, 1.438 бомбардери и 1.124 транспортни авиони. Русите имаат поголем број повеќецевни ракетни фрлачи, 3.793,но имаат само еден носач на авиони.

Според “Global Firepower Index”, првите десет армии во светот се Америка, Русија, Кина, Индија, Франција, Велика Британија, Јапонија, Турција, Германија, и Италија.

Зад нив се Јужна Кореја, Египет, Пакистан, Индонезија, Бразил, Израел, Виетнам, Полска, Тајван и Тајланд. Воената моќ на Северна Кореја е 25 во светот.

Од регионов, на листата од 126 најмноќни армии се Хрвтаска, Србија, Албанија, Словенија и БиХ. На листата ги нема Црна Гора и Македонија.

Би можело да ве интересира

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Орце Костов

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски

Ковачки: Генерали и полковници сексуално малтретирале офицерки ветувајќи им унапредување во АРМ

Орце Костов

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

100 војници најрано утре ќе заминат на помош во Словенија, се чека Владата да донесе одлука

Орце Костов