Најмалку три лица изгореле во дом за деца во Шведска

Од:

Најмалку три лица изгореле во пожар што ноќеска избувнал во еден дом за деца во шведскиот град Нортелје.

– Недостасуваат четири лица, од кои за едно лице засега се верува дека успеало да излезе од објектот, но не сме во можност да потврдиме каде се наоѓа, вели Ларс Андерман, шеф на спасителните екипи во Нортелје.

Спасувачката служба пристигнала на местото на пожарот со извесно задоцнување затоа што претходно била алармирана да се погрижи за инцидент со давење и притоа не можела да ја прекине таа акција.

Се уште е нејасно што била причината за пожарот. Полицијата започна предистражна постапка со сомневање за тешко дело подметнување на пожар со умисла за убиство.

– Веруваме дека дури подоцна денеска ќе можеме да потврдиме дали сме нашле посмртни останки, а уште повеќе време ќе ни биде потребно да утврдиме каде започнал и со што бил предизвикан пожарот. Но тоа бил необично силно и брзо ширење на пожарот, рече Андерман за Шведското радио.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата