Најмалку шест лица се убиени во пресметка која избила по караница околу планови за изградба на една фабрика и автопат западно од Гватемала сити.
Во инцидентот се повредени најмалку десет луѓе. Насилството избувнало меѓу симпатизери и противници на план за развој според кои изградбата на регионален автопат и фабрика за цемент ќе и наштети на природната средина.
Претставник на Министерството за внатрешни работи на Гватемала соопшти дека жртвите се убиени со пиштол и меч.