Најмалку осум загинати и 650 исчезнати во поплавите во Колорадо

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а околу 650 се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.

Постои можност голем број луѓе, кои се водат за исчезнати, едноставно да се целосно отсечени од светот поради прекинот на електричната енергија и телефонските врски.

Досега се евакуирани речиси 11.700 лица. Над 1.500 домови се разурнати, а околу 18 илјади се оштетени. Голем број патишта и мостови се оштетени.

Ова се едни од најголемите поплави во Колорадо во историјата на државата. Изминатите неколку дена во американската држава наврна дожд колку за неколку месеци.

– Без сомнение ова е историски настан, што се случува еднаш на 500 или 1.000 години, изјави претставник на локалните власти.

Најтешко погодени од поплавите се 15. окрузи во Колорадо во подножјето на Карпестите Планини.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас