Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија

Од:

Најмалку едно лице е тешко рането, а 16 други се повредени во пукотница во Нов Јужен Велс, Австралија, соопшти полицијата.

Шеесетгодишен маж е уапсен во Кројдон Парк откако наводно испука најмалку 50 куршуми кон возила што минувале, вклучувајќи и полициско патролно возило, објави News.com.

Полицијата соопшти дека мотивот за нападот сè уште не е познат. Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, го опиша инцидентот како „сериозен и застрашувачки“.

Во инцидентот се оштетени голем број возила, вклучувајќи и полициско возило.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, рече дека станува збор за „опасна ситуација“ и им се заблагодари на полицајците за нивната „неверојатна храброст“, додавајќи дека „нема место за такво насилство“ во државата.

Полицијата претресе две локации и заплени неколку оружја.

За време на операцијата беа користени специјализирани тимови, вклучувајќи ја Единицата за тактички операции, преговарачи и кучиња трагачи.

Би можело да ве интересира

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски