Најмалку десетина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а 27 се повредени во самоубиствен бомбашки напад на минибус кој превезувал регрути во градот Џалалабад, источен Авганистан, соопшти локалната влада.

Покрај регрути, меѓу жртвите има и цивили, меѓу кои едно дете.

Некои од повредените се во критична состојба.

Ниту една групација не презеде одговорност за нападот.

Во Џалалабад изминатите години милитантите на Исламска држава извршија серија напади врз владините канцеларии, училиштата и хуманитарните организации.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно