Најмалку четворица убиени, десетмина ранети во експлозија во главниот град на Авганистан

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а десет се ранети во експлозија во близина на џамија во дипломатскиот кварт на Кабул.

Од италијанската болница што се наоѓа во непосредна близина на местото на експлозијата е соопштено дека во установата се донесени 14 повредени лица, од кои четири лица им подлегнале на здобиените повреди.

Калид Задран, портпарол на началникот на полицијата во Кабул, рече дека цел на експлозијата биле верниците што ја напуштале џамијата Вазир Акбар Кан по петочната молитва.

Полициски екипи на талибанските власти се на местото на инцидентот, а истрагата е во тек.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

(ВИДЕО) Немири во Брисел, горат автомобили, метро станицата Анисен е затворена

Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите

Горан Наумовски

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник

Експлозија во Кабул во близина на зградата на министерството, најмалку двајца загинати, 12 ранети

Ана Ололовска