Најмалку четворица повредени во земјотрес во Иран

Од:

Најмалку четири лица се повредени денеска при земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди западен Иран, соопштија иранските власти.

Според истите извори, епицентарот на земјотресот бил на 53 километри југоисточно од градот Дехлоран, со жариште на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Претходно, Американскиот геофизички институт информира дека земјотрсот бил со јачина од 6 степени по Рихтер, со епицентар во близина на границата со Ирак, на 59 километри северозападно од градот Дезфул, и со жариште на длабочина од 36,7 километри под површината на земјата.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски