Најмалку 76 загинати при уривање на осумкатница вo Бангладеш

Од:

Најмалку 76 лица загинаа, а неколкустотици се повредени денеска во предградие на главниот град на Бангладеш, Дака, при уривање на осумкатна зграда, во која биле сместени текстилна фабрика и пазар.

Во тек е акција, во која се вклучени поголем број пожарникари и војници, за пронаоѓање на затрупани лица под урнатините од зградата. Според неофицијални информации, во време на инцидентот во зградата имало околу 2.000 лица, поради што полицијата стравува дека конечниот биланс на жртвите ќе биде многу поголем.

Според полицијата, сопствениците на фабриката ги занемариле предупредувањата да ги затворат своите погони, откако вчера на зградата била забележена голема пукнатина.

Текстилната индустрија во Бангладеш, која бележи подем во последните години, постојано е следена од пожари и други инциденти. Во ноември минатата година 112 работници загинаа во пожар во фабрика во индистриската зона на Дака.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска