Најмалку 62 загинати во меѓусебни борби на бунтовнички групи во Сирија

Од:

Најмалку 62 лица загинаа во жестоки судири меѓу ривалски бунтовнички исламистички групи во источниот дел на Сирија, а десетина илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови изминатите неколку дена, соопштија денеска опозициски активисти.

Бунтовници од групата Исламистичка држава Ирак и Левант, која се оддели од Ал Каеда, и припадници на Нусра Фронт, кои се поврзани со Ал Каеда, се борат едни против други со месеци околу територии што претходно заедно ги заземаа од силите лојални на претседателот Башар ал Асад.

Изминатите четири дена загинаа 62 бунтовнии, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, во провинцијата Деир ел Зур во близина на границата со Ирак.

Би можело да ве интересира

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

Серијата „Нов изглед“ го оживува соперништвото меѓу Коко Шанел и Кристијан Диор

А1он

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона

Тајната е откриена: Како се прават звуците на чудовишта во серијата The Last of Us

ВИДЕО: Објавен датумот на премиерата на продолжението на La Casa de Papel