Најмалку 50 луѓе уапсени на протестите во Њујорк по претседателските избори

Од:

Околу 50 лица се уапсени по синоќешните протести во Њујорк, кога демонстранти подметнаа пожар, плукаа врз полицајците и врз нив фрлаа различни предмети, соопшти њујоршката полиција.

Демонстрантите излегоа на улиците во поддршка на кампањата „Преброј го секој глас“, бидејќи официјални лица во клучните држави ширум САД продолжија да ги бројат гласовите на претседателските избори 2020 година, јави „Фокс њуз“.

Иако на главниот настан во Њујорк ситуацијата беше мирна, полицијата излезе со извештаи за палење и судири со органите на редот, особено во Гринич Вилиџ.

Полицијата соопшти дека за време на протестот запленила неколку потенцијално опасни предмети, вклучувајќи и пиштол за зашеметување, ножеви и огномет.

Оттаму додаваат дека се уапсени лица кои се обиделе да го преземат протестот и да го направат насилен, фрлајќи смет и јајца. Некои демонстранти биле видени како плукаат врз полицијата.

„Го поддржуваме правото на секој за самоизразување“, напиша полицијата на Њујорк на Твитер. „Но, палењето пожари ги загрозува другите и нема да се толерира“.

Протести се одржаа и низ целата земја, но на нив немаше знаци за некои помасовни немири што многумина загрижија пред изборите.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод