Најмалку 40 загинати при израелски напад во Газа

Од:

Најмалку 40 Палестинци загинаа, а околу 380 се ранети денеска при израелски воздушен напад врз населбата Шаџаја во источниот дел на градот Газа, соопштија палестински извори.

Портпаролот на палестинското Министретво за здравство Ашраф ал Кудра информира дека од под урнатините на зградите во Шаџаја досега се извлечени телата на околу 40 загинати.

Меѓу нив се и еден медицински техничар и еден снимател на локално студио за документрани филмови. Тие загинале додека снимателот снимал документарец за медицинскиот техничар.

Кудра информира и дека при нападот Шаџија ја напуштиле околу 1.000 лица, бегајќи пред налетите на израелските бомби.

Во поседниве два дена Шаџија беше изложена на засилени израелски напади.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно