Најмалку 40 лица загинаа во земјотресот во Иран

Од:

Најмалку 40 лица загинаа во денешниот катастрофален земјотрес во југоисточен Иран, јави телевизијата Ал Арабија.

Земјотресот беше со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геофизички институт. Претходно беше соопштено дека земјотресот бил со интензитет од осум степени.

Потресот се случил во близината на границата со Пакистан во 10:44 часот според Гринич. Епицентарот бил во близина на иранскиот град Каш, на длабочина од 15,2 километри.

Земјотресот е регистриран на 201 километар југоисточно од иранскиот град Захедан и 250 километри северозападно од Турбат во Пакистан.

Потресот е почувствуван во регионот на Персискиот Залив и во Индија.

Во главниот град на Индија, Њу Делхи повисоките згради се нишале десет секунди како последица на потресот, при што голем број граѓани во паника излегле на улиците.

Според очевидци згради се нишале и во Катар и Дубаи, каде повеќето граѓани исто така излегле на улиците. Во Дубаи делумно е оштетена зградата на Ал Арабија.

Силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтеровата скала погоди област во Иран, во која се наоѓа нуклеарната централа Бушер на 9 април, при што загинаа 37 лица, а повредени беа над 850.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел