При пожари и експлозиви во Кина предизвикани од огномети активирани во текот на прославите на Кинеската нова година, животот го загубија најмалку 39 лица, соопштија денеска властите во Пекинг.
Во соопштението се посочува дека во текот на седумдневното чествување на Кинеската нова година, во периодот од 27 јануари до 2 февруари, при активирање на огномети на целата територија на Кина биле предизвикани вкупно 13,796 пожари.
Кинеските власти посочуваат дека благодарение на зајакнатите безбедносни мерки од страна на полицијата, годинава бројот на пожари предизвикани од новогодишните огномети е значително намален, а цифрата на загинати е речиси за третина помала во споредба со лани.
По традиција, при прославата на Кинеската нова година во Кина се палат огномети со цел на симболичен начин „да се истераат лошите духови“.