Во верижен судар на три автобуси и камион денеска во северниот дел на Перу загинаа најмалку 34 лица, а 70 се повредени, изјави министерот за здравје Анибал Беласкес.
Автобус на компанијата „Мурга“ минал во спротивна насока во близина на крајбрежниот град Урмеја, околу 300 километри северно од главниот град Лима, по што во него удрил камион и два други автобуси, изјави претставник на полицијата Орфилјес Браво.
– Засега се извлечени 22 тела од автобусот, кој е поделен на два дела, изјави претходно Браво, додавајќи дека биланост на жртви е зголемен на 34 лица.