Најмалку 300 жртви во поплавите во Индија

Од:

Најмалку 300 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во Источна и Централна Индија, пренесува БТА.

Заради стихијата и предизвикани од неа поплави и свлечишта, стотици илјади жители се евакуирани. Поплавени се цели села, уништени се патишта, прекинати се далноводи и телефонски линии, уништени се посеви.

Монсунските дождови погодија вкупно шест милиони луѓе во индиските Држави Бихар, Утар Прадеш, Мадхија Прадеш, Раџастан и Утаракханд.

Нивото на водата во реките Ганг и Јамуна достигна критична ниво поради поројните дождови. Жителите на светиот град Варанаси, на брегот на реката Ганг, беа принудени да ги кремираат труповите на мртвите роднини на тераси и на покривите на куќите, наместо крај реката, како што обично прават.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани