Најмалку 23 лица загинаа, а околу 30 се повредени, кога автобус пропаднал во амбис длабок 100 метри во близина на градот Куско во јужниот дел на Перу.
Инцидентот се случил на тесен планински пат на 3.500 метри надморска височина, меѓу местата Сиквани и Санта Барбара, на околу 1.300 килметри југоисточно од перуанскиот главен град Лима.
Перуанската полиција информира дека најверојатни причини за несреќата се лошото време и дотраената патна инфраструктура.
Според полициските податоци, лани во сообраќани несреќи во Перу загинале 1.406 лица.