Најмалку 23 луѓе загинаа, а 32 се повредени кога автобус падна во река во Андите, во југоисточниот дел на Перу, соопшти полицијата.
– Автобусот речиси целосно потона во реката, што ја отежна работата на спасувачите, изјави портпаролот на полицијата Линио Санчез.
Сообраќајната несреќа се случи во регионот Куско, која е позната туристичка дестинација.
Други детали за несреќата не се наведени.