Најмалку 23 лица загинаа, а 17 се повредени денеска откако изби пожар на патнички брод во близина на главниот град на Индонезија, Џакарта.
Претставник на локалната Агенција за вонредни ситуации Сепли Мадрето изјави дека повеќе од десетина повредени се префрлени во болница.
Тој напомена дека во моментот кога се запалил, бродот превезувал околу 200 лица од Џакарта до островот Тидунг, туристичка дестинација која се наоѓа 50 километри од главниот град на Индонезија.
Причината за пожарот засега е непозната. На лице место е испратен спасувачки тим во потрага по исчезнатите.