Најмалку 21 лице загина, а 38 се потешко повредени кога на југоистокот од Перу, во планинско подрачје на Андите, автобус излетал од патот и паднал во амбис, јавија денеска локалните медиуми.
Несреќата се случиле вчера во провинцијата Ајакучо, пренесоа американските медиуми.
Според полицаецот Орфилес Браво, автобусот паднал во провалија длабока 1.000 метри.
Тој изјави дека се уште не се знае причината за несреќата и дека автобусот изгледал како „маса стуткан метал“.
Ова е втора сообраќајна несреќа во Перу во последната недела, пренесува Танјуг. Во судар на три автобуса и камион што минатиот понеделмник се случи на главниот крајбрежен автопат погинаа 38, а повредени беа 84 лица.