Најмалку 18 лица загинаа при уривање на рудник за злато во западна Гвинеја оваа недела, изјави денеска владин претставник.
Несреќата се случила во понеделникот во Гауал, на околу 400 километри од главниот град Конакри, каде во последните месеци се собираат рудари во потрага по злато.
– До овој момент се ивлечени 18 тела но сè уште не сме готови. Спасувачките операции продолжуваат, изјави владиниот претставник.
Несреќите се вообичаени во импровизирани илегални рудници низ Западна Африка, во кои се работи без доволен надзор и прописи.
Извор: МИА