Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Од:

Во судир меѓу камион и минибус во близина на градот Соугета во Гвинеја, најмалку 25 лица загинаа, а најмалку седум се повредени.

Mинибусот при претекнување излетал во спротивната лента и се судрил со камионот. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако бил тешко повреден. Несреќата се случила во гратче на 180 километри од главниот град Конакри.

Тешките сообраќајни несреќи со висока стапка на смртност не се невообичаени во оваа западноафриканска земја. Причините најчесто се преголема брзина или преоптоварување на возилото. Опасност е и лошата состојба на многу возила и патишта.

Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на жртви во сообраќајот на сто илјади луѓе во Гвинеја е седум пати поголем отколку, на пример, во Германија.

Би можело да ве интересира

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Горан Наумовски

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница