Најмалку 17 лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад во џамија во јужниот дел на Саудиска Арабија, објавија локалните медиуми.
Сите жртви се припадници на единицата за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, кои се наоѓале во верскиот објект.
Нападот е извршен во провинцијата Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен.