Најмалку 17 деца загинаа во сообраќајна несреќа во северниот дел на индонезискиот остров Суматра, јави денеска весникот „Џакарта пост“, пренесува ТАСС.
Според првичните информации камионот, со кој патувале околу 50 деца, поради оштетување на гума излетал од патот и паднал во длабока бездна.
На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи.