Најмалку 14 загинати и 100 повредени во налет на торнадо во Оклахома

Од:

Најмалку 14 лица од кои две се деца, загинаа, а 100 се повредени во налет на торнадо што ја погоди Оклахома.

Бурите проследени со силен ветар, поројни дождови и град, ја погодија Оклахома каде во налет на торнадо на 20 мај загинаа 24 луѓе.

Американски медиуми јавуваат дека околу 100.000 домаќинства во Оклахома Сити се без струја и уште толку ширум таа американска држава. Во Мисури три лица загинеле од поплави предизвикани по бурите кои се движат кон исток во правец на градот Сент Луис.

САД годишно ги погодуваат околу 1.200 торнада и најчесто на удар се Оклахома и Алабама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, две се деца

Катерина Ѓуровски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи