Најмалку 136 цивили убиени во Украина, од кои 13 деца

Од:

Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.

– Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем, изјави Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.

Таа додаде дека 253 од жртвите се во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.

Светската програма за храна (СПХ) на ОН ги зголемува активностите во Украина, со цел да може да обезбеди 3.1 милиони лица, појасни портпаролот на СПХ, Томсон Фири.

– Залихите на храна се при крај, додаде Фири.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород