Најмалку 120 загинати во судири во Јемен

Од:

Најмалку 120 луѓе загинаа денеска во северниот дел на Јемен во судири меѓу шиитските бунтовници Хути и владините безбедносни сили.

– Во воздушниот напад на јеменските сили врз позиции на Хутите во провинцијата Омран, како и при судири на војската со бунтовничките сили, убиени се околу 100 бунтовници. Во борбите загинаа и 20 војници, изјави заменик-гувернерот на оваа провинција Ахмед ал Бекри.

Тензиите во Омран се зголемуваат бидејќи Хутите се обидуваат да го зајакнат своето присуство со напади врз безбедносните сили.

Бунтовниците се против планот за федерализација кој е постигнат во февруари по националните преговори, водени согласно политичката транзиција на Јемен, сметајќи дека со него државата ќе биде поделена на богати и сиромашни региони.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“