Најмалку 12 лица загинаа, а двајца се водат како исчезнати, во поплавите што го погодија североисточниот дел на Иран, соопшти иранската Црвена полумесечна.
– Досега загинаа 12 лица, најмногу во областа Разави Хорасан, каде има осум жртви, соопшти претставник на организацијата.
Обилните дождови во Иран синоќа предизвикаа поплави во пет провинции.