Најмалку 12 лица загинаа во големото клизиште што се појави во Гватемала, откако еден 94 годишен човек почина во болница како последица на лизгањето на земјата со која и тој бил зафатен.
Најголем број од досега откриените жртви се патниците во еден мини-бус што се движел по еден планински пат, во моментот кога земјата почнало да се лизга, а возилото и десетемина патници биле „проголтани“ од клизиштето.
Лизгањето на земјата и на големата и густа маса кал, го предизвикаа обилните и долготрајни врнежи дожд, што најтешко ја погодија општината Сан Педро Солома.
Гватемала и тој дел од Централна Америка се наоѓаат во сезоната со обилни врнежи од дожд, која редовно трае меѓу април и ноември.
Минатата година, во сезоната на врнежи загинаа 15 лица.
Најголема несреќа во Гватемала, предизвикана од лизгање на земја и кал, се случи во октомври 2015 година, кога загинаа 280 лица.
Клизиштето што тогаш се создаде предизвика уривање на повеќе од 200 куќи.