Најмалку 12 лица загинаа, а 11 други се повредени денеска при пожар во рафинерија во градот Ал Џубајл во источниот дел на Саудиска Арабија.
Саудиските медиуми јавија дека причините за пожарот засега не се познати, додавјќи дека во време на избувнувањето на огнот во рафинеријата за нафта се вршел ремонт.
За време на пожарот од рафинерија се кревал црн густ чад, но нема информации за истекување на отровни хемикалии од објектот.