Најмалку 11 загинати откако брод со бегалци потона кај Индонезија

Од:

Бројот на бегалци, што загинаа откако бродот со кој планирале да одат во Австралија потона, е зголемен на 11, додека спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани во морето кај Индонезија.

Претставник на локалната полиција Ахмад Суприџатна изјави дека денеска се пронајдени уште две тела од потонатиот брод кај островот Јава.

Според Суприџанта, досега се спасени 189 патници од бродот. Меѓу загинатите се шест деца и една бремена жена.

Засега се уште не се знае колку патници имало на претоварениот брод. Полицијата смета дека во стариот брод имало 200 лица, додека еден од бегалците рекол дека имало 250 главно од Шри Ланка кои планирале да бараат азил во Австралија.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски