Најголемиот дел од жителите на Шкотска се чувствуваат само како Шкотланѓани

Од:

Најголемиот дел од жителите на Шкотска се чувствуаат само како Шкотланѓани, покажуваат податоците од пописот на населението во Велика Британија, спроведен во 2011 година.

Според податоците што ги објави британското Државно биро за статистика, 62 отсто од жителите во овој дел на земјата се изјасниле само како Шкотланѓани, а 18 отсто се како Шкотланѓани и Британци.

Пописот открива дека дури 83 отсто од жителите на Шкотска чувствуваат некаков шкотски идентитет.

Во последните десет години, од претходниот попис, овој дел на Велика Британија, сепак, станал етнички поразличен и видоизменет.

Во пописот од 2001 година, само два отсто од населението припаѓало на некоја друга етничка заедница, додека на последниот попис во 2011 година, како припадници на друга етничка заедница се изјасниле четири отсто од жителите на Шкотска.

Дури 83 отсто од луѓето кои се изјаснуваат како Шкотланѓани се родени во Шкотска, девет отсто во Англија, 0,7 отсто во Северна Ирска, а 0,3 отсто во Велс. Само два отсто се изјасниле како Англичани, а други два отсто како припадници на некоја друга националност.

Од жителите на покраината кои не се родени на територијата на Велика Британија, 15 отсто се родени во Полска, шест отсто во Индија и шест отсто во Ирска.

Најмногу припадници на други етнички заедници има во Глазгов, 12 отсто, а потоа во Единбург и Абердин, каде малцинствата сочинуваат осум отсто од жителите.

На пописот во 2011 година, луѓето првпат можеа да се изјаснат и за својот национален идентитет.

Жителите на Шкотска на 18 септември 2014 година ќе се изјаснат на референдум за независност на покраината. Гласачите ќе треба да одговорат на прашањето „дали Шкотска треба да биде независна држава“.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски