Најавен разговор меѓу Путин, Трамп и Нетанјаху

Од:

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека тој ќе разговара со Трамп и Путин денес, среде израелките напади на Иран.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху денес ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп“, објави неговиот кабинет, како и со рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Кир Стармер.

Разговорот со Трамп ќе се одржи пред 18 часот, изјави израелски функционер за „Тајмс оф Израел“.

Порано денес, Нетанјаху разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц и индискиот премиер Нарендра Моди, соопшти кабинетот на премиерот.

„Лидерите покажаа разбирање за потребата на Израел да се брани од иранските закани за уништување“, рече премиерот.

„Премиерот рече дека ќе продолжи да биде во контакт со нив во наредните денови“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“