Награда од Амнести интернешнл за активстката Грета Тунберг

Од:

Амнести интернешнл денеска својата годишна награда Амбасадор на совест ја додели на шведската активистка за борба против климатските промени, тинејџерката Грета Тунберг и нејзиното протестно движење.

Тунберг изјави дека е „голема чест“ да се прими награда во име на движењето кое на светско ниво ги почна школските штрајкови за клима.

Под слоганот „петок за иднината“, тие наместо во училиште, одеа пред парламент барајќи од властите да вложат повеќе напори во сузбивањето на климатските промени.

– Човековите права и климатската криза одат рака под рака. Не можеме да го решиме едното, без да го решиме другото, потенцираше Тунберг.

– Понизни сме и инспирирани од одлучноста со која младите активисти ширум светот не предизвикуваат да се соочиме со реалноста за климатската криза, изјави генералниот секретар на Амнести интернешнл Куми Наидо.

Тунберг почна сама да протестира пред шведскиот парламент во август 2018 година, а веќе во мај годинава такви протести се одржаа во 131 земји во светот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод