Нафтна платформа заринка кај брегот на Алјаска

Од:

Огромна пловечка кула за експлоатација на нафта, во сопственост на компанијата Шел оил, се заринка на непристапен дел од брегот американската држава Алјаска, пренесува Гласот на Америка.

Кулата на разбрануваното море се оддели од бродовите кои го опслужуваа и се заринка на непристапен дел од брегот, но сите членови на екипажот се спасени, наведува американското радио.

Крајбрежната стража соопшти дека кулата Килук, минатата ноќ на немирното море во заливот Алјаска, се одделила од бродот кој го опслужува и дека реморкерот за кој била врзана морал да го откачи.

За помалку од еден час кулата заринкала на карпестиот предел на пустиот остров Ситкалидак, при ветар кој достигнал брзина поголема од 100 километри на час. Екипажот на кулата е спасен пред да се заринка.

Официјални лица велат дека во резервоарите на кулата има 567 илјади литри дизел гориво и 45 илјади литри на хидрауличното масло и масло за подмачкување, но досега за сега нема знаци на протечување.

Овој инцидент е последен во серијата што компанијата Шел ги претрпе во потрага за нафта во арктичките води на Алјаска, на кои се спротивставија американските Индијанци и еколошките групи, заедно со големиот број на проблеми со дефекти на опремата за дупчење, наведува Гласот на Америка.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Алјаска