Над пет милиони невработени во Шпанија

Од:

Бројот на невработени во Шпанија во февруари надмина пет милиони лица, поради забавувањето на четвртата по големина економија во еврозоната и воведувањето мерки за штедење, соопшти шпанското Министерство за труд.

Во февруари бројот на невработени на месечно ниво е зголемен за 59.444 или 1,9 проценти, на 5,04 милиони, се наведува во соопштението на Министерството.

Вкупниот број на невработени во четвртиот квартал на 2012 година изнесува 26,02 проценти, што е највисоко ниво од 1975 година.

Шпанија се соочува со двојна рецесија, бидејќи се уште не е целосно заздравена од падот на пазарот на недвижности во 2008 година.

Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој спроведе остро намалување на потрошувачката и зголемување на даноците со цел да оствари заштеда од 150 милијарди евра во периодот меѓу 2012 и 2014 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски