Најмалку 62 лица се повредени, а 200 куќи се оштетени во земјотресот со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди индонезиската провинција Западна Папуа, јави ДПА.
Земјотресот е регистриран по полноќ (во 15 часот според Гринич вчера) и беше почувствуван силно во градот Соронг, соопшти службата за метеорологија, геофизика и климатологија.
Земјотресот беше проследен од неколку вторични потреси.
– Се уште собираме информации и очекуваме бројот на ранетите лица и оштетените објекти да се зголеми, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со непогоди.