Над 580 луѓе загинаа во поплави во Пакистан, а милиони ги загубија своите домови

Од:

Над 580 луѓе загинаа, а уште илјадници ги загубија своите домови како резултат на ужасните поплави во Пакистан, пишува „Гардијан“.

Речиси милион луѓе се погодени од силните дождови кои траат од почетокот на јули.

Најтешко погодени се провинциите Балуџистан, Хајбер Пахтунхва и Синд, а до петок се предвидуваат уште повеќе обилни врнежи низ Пакистан.

Од почетокот на јули, над 40 луѓе загинаа во Карачи како резултат на обилните дождови. Уништени се над 570 училишта, а пријавени се и случаи на колера.

Главниот министер на Белуџистан, Кудус Безињо, повика за поголема поддршка од федералната влада и од меѓународните донатори.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски